СЈО: Водиме истрага против судии, но не правиме притисок врз судството

by fokus

Обвинителката Ленче Ристоска на денешната прес-конференција одговори на обвинувањето на претседателот на Судскиот совет, Жарко Караџовски, кој денеска обвини дека СЈО вршело притисок врз судиите, повикувајќи ги на распит.

Обвинителката Ристоска рече дека тие не вршат притисок врз судството, потенцирајќи дека во моментот водат истрага против одредени судии за постапување во одредени предмети.

-Нормало е кога водите истрага да ги повикате осомничените да направат увид во доказите, а и да дадат своја одбрана. Како и останатите граѓани, така и судиите не се изземени од кривична одговорност, се разбира доколку постои, бидејќи ние го почитуваме начелото на пресумпција на невиност, истакна Ристоска.

Караџовски, пак, денеска оцени дека никој не смее да се осмели да испрашува судија за негова пресуда, а СЈО, според него, правело голем притисок.

– Им порачуваме на ЕУ и САД, но и на народот да бидат без грижа ако некој е со намера да не разедини, ние останува заедно. СЈО повикало пет судијки. Не може судија да биде гонет за својата судска работа. Недоличното однесување од одредени субјекти кон нас судиите е поткопување на интегритетот на судиите, а во изминатиот период имаше и голем притисок од медиумите кои работеа или се уште работат на одредени судски спорови, рече Караџовски.

Поврзани новости