СЈО во општина Чаир, Меџити ја поддржува нивната работа

by Фокус

Го подржуваме Специјалното јавно обвинителство, правната држава е демократска вредност, вели во изјава за Журнал градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, откако СЈО влезе во општината во рамки на предистражна постапка поврзана со дивоградба на територија на општината.

Инаку, во „бомбите“ на опозицијата се слуша како функционерите на ДУИ прават планови за продавање на објекти, како одложуваат уривање на дивоградба, па дури се слуша и за поткуп за да не се урива објект изграден спротивно на законот.

Од општината, пак, велат дека спорниот објект кој се наоѓа во близина на Амбасадата на САД не е во нивна надлежност, бидејќи за истиот се води судски спор.

Поврзани новости