СЈО влезе во „Телеком“

by fokus 13:33
13:33

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска влезе во операторот Телеком, откако претходно имаше неколку обиди да влезе во компанијата, потврдија извори од оваа институција за Фокус.

Тие четири пати не добија судски налог за претрес за двете истраги кои се поврзани со масовното прислушување кое се одвивало од 2008 до 2015 година.

- Advertisements -

Тимот на СЈО денеска е предводен од обвинителката Ленче Ристоска и тие денеска напладне влегле во управната зграда на Телеком во Скопје, каде ќе се сретнат со претставници на компанијата.

Минатата недела медиумите објавија дека СЈО ќе има средба со членовите на Одборот на директори на македонски Телеком од Германија и Унгарија, но потоа истото беше демантирано од Македонски Телеком.

СЈО претходно јавно објави дека се соочува со опструкции од домашниот Телеком за добивање на пристап до податоците кои им се потребни во овој оператор, за истрагите поврзани со масовното прислушување.

Поврзани новости