СЈО троши повеќе од половина од својот годишен буџет за договорни услуги

by fokus

Половина од годишниот буџет на Специјалното јавно обвинителство оди за договорни услуги, но нема детални информации каде завршуваат овие пари. Според шефицата на СЈО, Катица Јанева, средствата се користат за квалитетни експертизи и вештачења во борбата против криминалот.

Како што објави „Код“ на Телма, секоја година во буџетот на СЈО се предвидени два милиони евра за договорни услуги. Во 2016 година обвинителството заштедило половина од буџетот, односно вкупните расходи се околу 50 отсто од предвидените средства. Биле предвидени четири милиони евра, а потрошени помалку од два милиони евра.

Најголем дел, или околу милиони евра од потрошените средства, се за договорни услуги, без објава на тендер или постапка за јавна набавка.

Според „Код“ СЈО ги држи во тајност овие детали и не одговара на прашањата за што конкретно се потрошени половина од буџетските средства.

Републичкото јавно обвинителство во својот буџет нема ставка за надворешни експерти и консултанти, но од таму велат дека имаат голема потреба од тоа.

Поврзани новости