СЈО: Судот не соработува во предметот „Пуч“

by fokus 13:03
13:03

Основниот суд Скопје 1 се уште нема доставено копии од доказните материјали за случајот „Пуч“ што ја отежнува истрагата, тврдат од СЈО.

Иако Специјалното обвинителство во неколку наврати побарало копии од доказите, а за несоработката поднеле жалба и до Апелационен суд, сепак до денеска тие немаат копии од доказите, ниту им се доставувала документација во бараниот рок.

- Advertising -

-Во многу незавидна ситуација сме. Иако постојано се обидуваме како Обвинителство проактивно да постапиме, оневозможени сме од Основниот суд Скопје 1. Баравме да ни бидат доставени копии од доказите и не ни беа доставени. Предметот по жалба отиде до Апелационен суд кој јасно укажа дека Основниот суд ги повредил законските одредби кога одбил да ги предаде копиите на доказите. И покрај ваквиот факт, до ден денеска доказите не ни се доставени, изјави на денешната прес-конференција обвинителката Ленче Ристовска.

Во предметот „Пуч“ за шпионажа и насилство врз највисоки државни органи обвинети се лидерот на опозицијата Зоран Заев, контраразузнавачот Зоран Верушевски и неговата сопруга Соња Верушевска, порaнешниот вработен во тајната полиција Ѓорѓи Лазаревски, Звонко Костовски – вработен во МВР, како и Бранко Палифров вработен во општина Струмица. Со делумната аболиција на Иванов сега листата со обвинети е преполовена. Иванов одлучи за експонираните, како Заев и Верушевски да ја повлече аболицијата, но не и за другите. И тоа е некаква пречка за СЈО во комплетирањето на предметот и подготовката на стратегијата како ќе настапуваат пред судот.

 

 

 

Поврзани новости