СЈО: Судијата кој му го укина притворот на Талески е пристрасен и требало да биде изземен

by fokus

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека поднело жална на укинувањето на куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, а причината е тоа што учествувал судија кој морало да се изземе, бидејќи веќе еднаш одлучувал во истиот предмет.

-Конкретно, како што е уредено со Законот, а со цел да се обезбеди непристрасност на судијата, ист судија не сме да одлучува доколку веќе одлучувал во донесување на одлука во понискиот суд или учествувал во донесување на одлука која се побива со жалбата (чл.33 ст.1 т.5 од ЗКП). Имено, конкретниот судија веќе имал оформено сопствено мислење по однос на притворот за осомничениот, што несомнено укажува на негова пристрасност, објаснуваат од СЈО.

По однос на решението на Апелициониот суд Скопје со кое е укинат притворот за Талески и е заменет со мерка на претпазливост, ова Јавно обвинителство нема право на жалба.

 

Поврзани новости