СЈО со ново барање за претрес во операторот кој не соработува

by fokus

СЈО достави ново барање до Кривичниот суд, за добивање на судска наредба за претрес во телекомуникациски оператор, кој одбива да ги даде и останатите податоци за масовното прислушување, опфатено во новиот случај „Таргет”.

Од СЈО за 24 Вести потврдија дека доставиле ново барање, откако вчера, судот го одби, со образложение дека недостасувале податоци.

СЈО вчера попладне ги дополнало информациите како адреса на телекомуникацискиот оператор, оддел и вид на опрема која му е потребна.

Кривичниот суд сега има рок од 24 часа да одговори на барањето на СЈО.

Поврзани новости