СЈО следната недела ќе ги објави сите обвиненија освен за „Таргет“

by fokus

Специјалното обвинителство следната недела ќе ги објави обвиненијата за сите случаи кои ги покрена оваа институција, освен за случајот „Таргет“ заради класифицираните податоци кои ги содржи обвинението, дознава Фокус од извори во СЈО.

Обвиненијата ќе бидат објавени на веб сајтот на СЈО, каде сите граѓани ќе можат да ги погледнат деталите за предметите и кривичните дела за кои се товарат обвинетите од СЈО.

Специјалното обвинителство пред истекот на рокот поднесе обвиненија за 18 предмети против вкупно 94 физички лица и 7 правни лица за повеќе видови на кривични дела од Кривичниот законик. Претходно, тие поднесоа уште три обвиненија за случаите поврзани со насилството во општина Центар, случајот „Транспортер“ и „Тврдина 2“.

Поврзани новости