Специјалното јавно обвинителство се откажало од барањето за замрзнување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
СЈО со барањето за заштита на законитоста сметаше дека Врховниот суд треба да ги поништи сите претходни судски одлуки кои оневозможуваа замрзнување на партискиот имот во рамките на истрагата Талир.
- Advertisements -
Одлуката на Врховниот суд со која се отфрла ова БЗЗ е објавена на сајтот на судот и е донесена два дена откако СЈО го испратило своето откажување од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Барањето за заштита на законитоста се отфрла. Според член 460 став 1 од Законот за кривичната постапка, ако јавниот обвинител го повлече барањето за заштита на законитоста, судот со решение ќе го отфрли барањето, пишува во одлуката на Врховен, донесена на 14.12.2017.