СЈО повторно бара притвор за Кочан, адвокатите тврдат дека е во тешка здравствена состојба

by fokus

Здравствената состојба на Сеад Кочан била главната причина зошто тој бил надвор од државата, тврди неговиот адвокат, Никола Додовски.

Според одбраната на Кочан тој е во тешка здравствена состојба и истото го презентирале и пред судот каде барале да не му биде доделена мерка притвор.

Но Специјалното обвинителство се сомнева во тврдењата на одбраната и обвинителот Гаврил Бубевски побарал докторот кој го лекувал бизнисменот Кочан да биде повикан пред судијата на претходна постапка да ја образложи неговата здравствена состојба.

Судијата го одбил ваквиот предлог, по што преминале на анализа на доказите на Врховниот суд кој го укина притворот за Кочан.

Според Бубевски, одлуката на Врховен претставува драматично кршење на уставните и законските принципи. Одбраната на Кочан пак тврди дека се води хајка против него од страна на медиумите но и со решението за притвор.

Во текот на денот се очекува судот да донесе одлука за тоа дали ќе го прифати или ќе го одбие барањето на СЈО за да се определи притвор за Сеад Кочан.

Поврзани новости