СЈО поднесе нови докази за набавката на мерцедесот, одбраната е против да се разгледуваат

by fokus

Специјалното јавно обвинителство поднесе нови докази за случајот „Тенк“, за кои на денешното рочиште судот треба да се произнесе. Одбраната, пак, е против да се разгледаат доставените нови докази.

По дебатата во судницата и инсистирањето на СЈО дека станува збор за битни докази кои треба да бидат прифатени од судот, беше дадена пауза за да се признесе судечкиот совет.

Во „Тенк“ обвинети се Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, како и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Тројцата се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Во судот денеска се присутни Никола Груевски и Ѓоко Поповски. Постапката за Јанкулоска е издвоена поради „ризична бременост“.

Поврзани новости