СЈО поднело жалба на одлуката за притворот на Кочан

by Fokus

Специјалното јавно обвинителство поднело жалба до Кривичниот суд за неопределувањето мерка притвор за бизнисменот Сеад Кочан, дознава Макфакс.

Според информациите на медиумот, Кривичниот совет треба да го преиспита решението што вчера го доби судијката Даниела Димовска, која го пушти Кочан на слобода со гаранција од околу еден милион евра. На бизнисменот му е одземен пасошот.

Рокот во кој Кривичниот совет треба да одлучи е 48 часа.

Поврзани новости