Откако Иванов ја повлече аболицијата, Специјалното јавно обвинителство се врати на работа онаму кај што застана.
Од СЈО денеска побараа притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талески и за началникот на 5та управа , Горан Грујевски.
Талески денеска бил свикан на распит во Скопје, но не се појавил во предвидениот термин. Тој е првоосомничен во случајот „Транспортер” во ќе одговара за коруптивни тендери со превозот на ученици, кој бил наплаќан двојно повеќе од предвиденото.
Грујовски пак, е првоосомничен во акцијата „Тврдина”, во која според СЈО, тој по нарачка средил уништување на опремата со која било извршено нелегалното прислушување. Пред аболицијата, Грујевски помина 6 дена во притворското одделение во Шутка, а потоа беше префрлен во домашен притвор.