СЈО пак ги чешла тендерите на РЕК Битола

by fokus

Тимови на Специјалното јавно обвинителство од вчера повторно влегоа во РЕК Битола. Како што дознава ТВ24, истражителите во детали ја чешлаат тендерската документација за ископ и транспорт на јаглен.

Според изворите на телевизијата, од СЈО се вратиле по дополнитени информации, но не откриваат детали со образложение дека се работи за предистражна постапка поврзана со наоди од прислушуваните разговори.

Обвинителството, пред пет месеци почна истрага за тендерската документација на комбинатот која се однесува на ископ на јаловина и транспорт на јаглен од рудникот „Суводол“

Од ЕЛЕМ велат не коментираат и само велат дека се отворени за соработка.

Инаку, еден тим на СЈО од вчера влезе и во Битолската млекарница, но нема информации што е предмет на истражување.

Поврзани новости