СЈО: Обвинение против 7 вработени во УБК за уништување на доказниот материјал за прислушувањето

by fokus

Во Кривичниот суд специјалните обвинителки денсека ќе го поднесат и обвинителниот предлог за Уништување на доказниот материјал за неовластеното прислушување во УБК. Тие појаснија дека во овој случај обвинети се седум лица – службеници на Управата за безбедност и контраразузнавање кои организирано го уништиле доказниот материјал, поточно на 2.047 страници, во врска со неовластеното прислушување кое се одвивало во периодот од 2008 до 2015 година.

Од СЈО појаснија дека овој случај се разликува од случајот „Тврдина“ во кој обвинетите се товарат за уништување на прислушкувачките системи, а во овој за документацијата.

„Првообвинитетиот во Петтата Управа незаконито формирал комисија за ништење на службена документација. Тој немал право да формира таква комисија, а целта била да се уништат доказите за работата на системите за следење на комуникациите. Членовите на комисијата извршиле селекција и попис на списите во кои имало и класифицирани документи. Без никаква процедура ги запалиле списите на локација која им била посочена од обвинетиот“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

 

Поврзани новости