СЈО: Никој не барал поткуп

by Фокус

Специјалното обвинителство од медиумите дознало дека се поднесени кривични пријави против тројца обвинители од тимот на Катица Јанева. Официјално, досега никој не бил повикан на разговор во Основното јавно обвнителство, тврдат од таму за 24Вести. 

Од таму за телевизијата изјавиле дека некој се обидува да му наштети на новото обвинителство, бидејќи од внатрешниот распит на обвинителите било утврдено дека никој од соработниците на Јанева не барал поткуп, ниту вршел притисоци на приватни лица, во корист на специјалното обвинителство.

– Сите наши обвинители беа прашани и во службената евиденција е забележано дека никој не постапил надвор од законските овластувања. Доколку тие кривични пријави се поднесени само паушално, без материјален доказ и се потпираат само на нечии изјави, тоа е лажно пријавување и и штети и на институцијата, но и на личниот интегритет на обвинителите кои работат таму – соопштиле од СЈО.

Поврзани новости