СЈО ќе поднесе жалба за укинувањето на притворот на Талески

by fokus

Откако вчера Апелациониот суд ја укина мерката куќен притвор за градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе жалба.

Апелациониот суд вчера ја уважи жалбата на одбраната на Талески и не му го продолжи куќниот притвор.

Во одлуката беше наведено дека мерката куќен притвор се укинува, а се определува мерка на претпазливост. Тој доби обврска да се јавува секој работен понеделник и петок кај овластено службено лице во Основениот суд во Битола.

Поврзани новости