СЈО го демантира Панчевски дека истражител му го украл клучот од домот

by Fokus

Специјалното јавно обвинителство најостро ги демантира обвинувањата на судијата и поранешен претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски дека при претресот на СЈО во неговиот дом истражител му го украл клучот.

„Сите дејствија преземени во рамки на предистражната постапка за време на претресот во домот се документирани, се снимаат видео и аудио, за одземените предмети се составува записник за привремено одземени предмети кој го потпишува и лицето во чиј дом е извршен претресот. По целосна анализа на материјалите ќе излеземе и со официјален став за ваквите наводи кои ги демантираме во целост – велат од СЈО.

Поврзани новости