СЈО: Ги зедовме сите податоци што ни требаа од УБК

by fokus

Специјалното јавно обвинителство инфмормираше дека со помош на експертот од шведската компанија „Ериксон”, кој денеска влезе во Управата за безбедност и контраразузнавање, успеале да ги комплетираат сите податоци што со судска наредба ги бараа од Управата.

-Во текот на денешниот ден, со помош на надворешен експерт обезбеден од производителот на помошните сервери кои се во сопственост на телекомуникациските оператори, а физички се наоѓаат во Управата за безбедност и контраразузнавање, беше извршено одземање на сите податоци од помошните сервери согласно судската наредба. Појаснуваме дека предметот е во предистражна постапка и во овој момент не сме во можност да обезбедиме дополнителни информации. – велат од СЈО.

Тие додаваат дека одземените податоци ќе бидат дополнително анализирани и сите наоди ќе бидат „благовремено споделени со јавноста“.

Инаку, експертот од Ериксон се чекаше да пристигне повеќе од една недела, додека софтверот во УБК беше под обезбедување.

Од специјалното обвинителство велат дека податоците до кои дојдоа се клучни докази во, засега, необјавен случај за прислушувањето кој треба да открие кој прислушувал и кој бил прислушуван.

Поврзани новости