СЈО до крајот на месецот ќе бомбардира со обвиненија

by fokus

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) до крајот на месецот ќе поднесе десетина обвиниенија во Основниот суд Скопје 1, бидејќи успеале да завршат поголем дел од започнатите истраги, дознава „Фокус“ од извори од СЈО.

На обвинителите им останало уште да земат исказ од дел од осомничените, а денеска во СЈО се повикани осомничените во случајот „Талир“ за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу завршените истраги, се сите поголеми случаи на кои досега работеше СЈО како „Титаник“, „Тврдина“, „Тенк“, „Тендер“, „ТНТ“, „Тортура“, „Тотал“, „Тифани“, „Траекторија“, „Триста“ и други. Како што не информираа при крај е истрагата и за главниот предмет „Таргет“, кој конечно треба да открие кој го изврши нелегалното прислушување.

В.В.

 

Поврзани новости