СЈО чека дали Судот ќе го продолжи притворот на Талески

by fokus 13:26
13:26

Специјалното јавно обвинителство во петокот до Основниот суд Скопје 1 доставило предлог за продолжување на домашниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, потврди обвинителката Ленче Ристовска од СЈО за „Мета“.

-До Основен суд Скопје 1 во петокот поднесен е предлог за продолжување на мерката куќен притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талески. Сега чекаме да видиме што ќе одлучи судот, вели Ристовска.

Ако Судот го прифати предлогот на СЈО, тоа ќе биде трето продолжување на куќниот притвор за битолскиот градоначалник.

Поврзани новости