СЈО бара на Груевски да му се суди во отсуство, Јанакиески донесен на судење со лисици на рацете

by fokus

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, побара притвор за осудениот екс премиер Никола Груевски, и за сите други обвинети во предметот „Траекторија“. На денешното рочиште обвинетиот екс министер, Миле Јанакиески, беше донесен со лисици на рацете бидејќи ја издржува мерката притвор во затворот во Шутка, која му беше одредена по бегството на Груевски.

Стефанова побара на Груевски да му се суди во отсуство, додека неговиот адвокат Еленко Миланов, побара раздвојување на постапката и на неговиот клиент да му се суди одвоено.

-Ако сакаше да присуствува, немаше да избега од Македонија – рече Стефанова.

Во „Траекторија“ обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

 

Поврзани новости