“Сите за правично судење”: За една година не е оддржано ниту едно рочиште за “Талир”

by fokus

Од Коалицијата “Сите за правично судење”, истакнуваат дека во рок од една година за случајот “Талир” на СЈО, не е оддржано ниту едно рочиште иако биле закажани 16 рочишта.

-На ден 18 февруари 2019 година беше насрочено првото рочиште по предметот “Талир” на поранешното Специјално обвинителство.

Коалиција “Сите за правично судење” во 2019 и 2020 година ги мониторираше сите рочишта од овој предмет. Од мониторингот е забележано дека од насрочени 16 рочишта по овој предмет од кој ниту едно не е оддржано, велат од Коалиција.

Предметот „Талир“ се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ за кое се обвинети Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.

Поврзани новости