Сите што гласавме за Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува, велат осумте пратеници од опозицијата што гласаа за уставните измени

by Fokus 21:10
21:10

Поранешната независна група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за Преспанскиот договор, ја честиташе значајната вест која денес беше обелоденета дека МПЦ-ОА добива автокефалност.

„Овој сон конечно станува реалност и денешниот голем празник Св.Кирил и Методиј ќе го паметиме како историски за православието и македонскиот идентитет. Сите ние со гласот ЗА Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува денес и за вакви победи вредеше секоја жртва. Да се гледа кон иднината, не е секогаш едноставно, но само храбри одлуки носат промени кои биле долгогодишна желба. Само признаена држава, гордо и еднакво исправена до своите меѓународни партнери може да биде успешна приказна. Задоволство е што ставивме уште едно делче во мозаикот на македонските победи. Да ни се множат убави вести и заедно да им се радуваме“, велат од Независната пратеничка група.

Поврзани новости