534
Петмина сиријци пријавиле во кумановската полиција дека биле ограбени во околината на село Четирце, соопшти денеска полицијата.
Еден од нив пријавил дека околу 18.00 часот во село Четирце, кумановско, тој и уште четири други лица, исто така од Сирија, биле физички нападнати од неколку машки лица кои им одзеле пари и други предмети.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.