Синовите на Мијалков отворија фирма за градежништво

by Фокус

Двајцата синови на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во понеделникот регистрирале фирма за градежништво, трговија и услуги, пренесува Призма. Според податоците од Централниот регистар, името на фирмата е „Бест веј инвестмент“ ДОО.

Сопственици на фирмата се двајцата двајцата синови на Сашо Мијалков, од кои едниот има 21 година, а другиот е малолетен, па поради тоа како негов правен застапник се јавува неговата мајка и сопруга на Мијалков, Александра Мијалкова.

Приоритетна дејност на фирмата според документот од Централниот регистер е „советување во врска со работењето и останато управување“, а евидентирани се и дејности во надворешниот промет. Според документите, фирмата на семејството на Мијалкови се наоѓа во центарот на Скопје, на улицата „Орце Николов“.

Сашо Мијалков во мај годинава поднесе оставка од функцијата директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, но остана ативен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости