Синот на Субрата Рој на суд, должи 100.000 евра за закуп на земјиште во Лозово

by fokus

Сушанто, синот на Субрата Рој, во декември треба да излезе пред суд. Тој се товари за неплатен долг од 100.000 евра.

Тужбата е поднесена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бидејќи фирмите на Рој, не ги платиле обврските за закуп за 5.353 хектари земјиште кое беше сопственост на Џумајлија во Лозово, пишува А1 он.

Ова беше само една од најавувани инвестиции на индискиот милијардер, Субрата Рој.

„Сахара груп“ требаше да плаќа годишен закуп од 121 илјада евра. за 5.353 хектари земјоделско земјиште, но и во првите 18 месеци да набави најмалку 8.000 грла крави, да вработи 900 лица и да инвестира најмалку 60 милиони евра. Но ова е само една од инвестициите на милијардерот кој се шеташе низ Македонија и најавуваше инвестиции на секој чекор.

Поврзани новости