Синот на Песков не сака да го мобилизираат: Ќе го решам тоа на друг начин

by fokus

Откако рускиот претседател Владимир Путин најави воена мобилизација, Дмитриј Низовцев, кој води канал на Јутјуб основан од поддржувачите на противникот на Путин, Алексеј Навални, му се јавил на Николај Песков (32), син на портпаролот на Путин и се преправал дека е воен функционер кој сакал да го мобилизира.

Низовцев му рекол на Николај Песков дека е повикан да се јави во канцеларијата за мобилизација утре изутрина.

-Морате да разберете, ако знаете дека јас сум г-дин Песков, колку е погрешно да отидам таму. Накратко, ќе го решам тоа на друг начин, му рекол Николај Песков на Низовцев, кој се претставил како воен комесар.

Во разговор со водителот, Николај Песков рекол дека нема да дојде во канцеларијата за мобилизација и одбил да даде согласност да биде регистриран како доброволец.

-Морам да сфатам за што се работи и кои се моите права. Немам проблем да ја бранам татковината, но морам да видам зошто треба толку брзо да се појавам таму. Ќе направам што ќе ми кажат. Ако Владимир Владимирович рече дека морам да одам таму, ќе одам. Јас не сум обичен војник, рекол Песков.

Синот на портпаролот на Путин потенцирал дека не сака да биде наведен како доброволец во официјалните документи.

Поврзани новости