Синот на Никовски како советник на Груевски земал од државата 217.490 евра

by Fokus

Александар Никовски, син на поранешниот дипломат Ристо Никовски по разни основи добивал пари од буџетот во висина од 217.490 евра, информираше денеска на прес-конференција портпаролот на Влада, Миле Бошњаковски.

Според него, на Никовски, покрај месечниот надоместок од 3.000 евра, дополнително му биле исплатени 30.000 евра за авиобилети, 23.000 евра за угостителски услуги, 5.500 евра за такси-превоз, 2.500 евра за подароци и 6.000 евра за други трошоци.

Владата доставила и барање за мислење до државното првобранителство во врска со договорите за ангажирање на Александар Никовски, Џорџ Р. Пери и Јешуа Шуки Глајдман како надворешни соработници на поранешниот премиер Никола Груевски. Потписник бил тогашниот шеф на кабинет на Груевски, Мартин Протогер.

Поврзани новости