Синот на Мијалков повикан во полициска станица, а по него и сопругата и телохранителите

by fokus

Јордан Мијалков, син на Сашо Мијалков, во моментот е повикан во полициска станица во Кисела Вода, дознава „Фокус“.

Дознаваме и дека освен синот Јордан, на разговор ќе бидат повикани и неговата сопруга, како и останатите членови на неговата фамилија, како и неговото обезбедување.

Од МВР за Фокус потврдуваат дека синот на Мијалков е повикан на информативен разговор.

Трагата на Мијалков му се губи синоќа, кога безуспешно го бара полицијата за да му го предаде решението за куќен притвор. Од Обвинителството веќе изразија сомнеж дека екс директорот добил дојава за притворот по што избегал.

В.В.

Поврзани новости