Синот на Грчев потврди дека се вработил во ЕЛЕМ

by fokus

Димитар Грчев, син на професорот и советник во министерството за култура Мирослав Грчев, на неговиот фејсбук профил потврди дека се вработил во ЕЛЕМ, откако неколку медиуми пишуваа за тоа.

„Да, работам за ЕЛЕМ. Благодарам на интересот, дефинитивно го немаше кога работев во фабрика во Штип. П.С. Во Штип повеќе плаќаа“, пишува Грчев на неговиот фејсбук профил.

Медиумите пишуваат и дека во ЕЛЕМ е вработена и ќерката на собранискиот спикер Талат Џафери, Бесија Џафери. За оваа информација се уште нема потврда.

Поврзани новости