Синот на Буши не го возел „мерцедесот“ со флешери, дисциплинска за тројца полицајци

by Fokus

Од Министерството за внатрешни работии соопштија дека, по извршени детални проверки од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, комплетно е расчистен случајот со нелегалното користење на т.н. флешери, за кој во јавноста беа пласирани низа шпекулации.

-Од обезбедените видео снимки и други службени материјали, утврден е идентитетот на возачот  Г.К. (29), кој управувал возило кое е во сопственост на правно лице. На Г.К. во полициска станица му е изготвен записник за констатиран прекршок од Законот за безбедност во сообраќајот и поведена е прекршочна постапка против правното лице и одговорното лице. Исто така, по извршена контрола врз возилото во полициска станица, утврдено е дека се отстранети нелегално поставените флешери, информираа од МВР.

Од Министерството наведоа дека по детални проверки на службените материјали, како и преглед на видео материјал и фотографии, констатирано е дека на 26 ноември 2022 во 17.25 часот во СВР Скопје е добиена анонимна пријава дека патничко возило „мерцедес“  со скопски регистерски таблички со голема брзина и вклучени флешери се движи од Качанички пат кон Скопје, по што се известени службите на терен за да го запрат возилото.

– Но, по неколку минути, В.А., раководно лице во СВР Скопје, дал насоки да се повлече објавата односно да не се запира возилото затоа што, како што кажал, било службено, и со тоа довел во заблуда двајца полициски службеници од Центарот за известување и команда, кои без проверка ја повлекле објавата и ја запреле потрагата по возилото. Против тројцата се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, додадоа од МВР.

Поврзани новости