Синот ја нападнал мајката, ја кубел за косата и ја удирал

by Fokus

17-годишен син ја нападнал својата мајка на улицата „Никола Вапцаров“. Тој ја удирал, и ја кубел за коса и избегал. За кратко време е пронајден и приведен во полициска станица.

„На 14.09.2018 година во 15,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје  Љ.К.(47) пријавила дека истиот ден околу 14,00 часот во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи на улица “Никола Вапцаров“, каде што била повикана, по кратко време физички била нападната од нејзиниот 17 годишен син Ф.К. кој ја удирал и ја кубел за косата, по што го напуштил местото на настанот. Набргу тој е пронајден и приведен во полициска станица, известен е Јавен обвинител. Против Ф.К. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “телесна повреда при семејно насилство“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена“, велат од МВР.

Поврзани новости