Синоличка Трпкова: Што да ви земат, кога се е земено?

by fokus

Актерката Синоличка Трпкова која што често ги споделува своите ставови околу политичката состојба во земјава, денес објави интересен статус на својот Фејсбук профил.

Во него таа ги прашува луѓето кои што се плашат дека некој ќе ја земе Македонија, што всушност има да ни биде одземено. Од загадениот воздух, испразнетите села, па се до кредитите е спомнато во нејзината објава, која што го привлече вниманието на јавноста.

„Треба нови избори на кои само ВМРО ќе победи зашто така е ред и народот е освестен. Еу нема што да ни се меша.” Па од што ќе живеете бе чисти Македонци? Што произведувате и што создавате, побегнавте од нивите, а “клетите шиптари” работат десет пати повеќе од сите вас. Од европски фондови пола Македонија се храни. Вистинскиот работен народ квичи и стенка од мака под вашите административни нозе.Сами ги осквернавивте Коневски, Јаневски, Рацин, а ваму јазикот го браните…Бог да чува луѓево како прв пат да излегле од некоја пештера во која биле затворени илјадници години. Кој и што да ни земе?! Најплодната земја престорена во индустриски зони? Загадениот Охрид? Дојранското полно со фекалии, Скопје со смртоносен смог, барок од картон и лајнен Вардар, Водно искасапено на пола, испразнетите села, источна Македонија испразнета од луѓе продадена на странци, вашите кредити за гаќи и леб. Што да ви земат? Се е земено… – пишува актерката.

Таа е професор по предметот Филмска, телевизиска и радио игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Зад себе има голем број на филмски остварувања.

Вики Клинчарова

Поврзани новости