Синдикатот на Југохром ќе одржи средба со Заев: Работниците да се вратат на работа

by fokus

Претседателот на Владата, Зоран Заев, одговори на барањето на Синдикатот на Југохром, да се одржи работна средба. Средбата е закажана за во недела, 14 часот.

Од синдикатот побараа властите да дозволат вклучување на печките, така сите отпуштени работници ќе бидат вратени на работа.

Околу 600 вработени во тетовската фабрика беа отпуштени на почетокот на годината кога менаџментот соопшти дека повеќе не може да ги сервисира платите, во услови кога фабриката не работи.

Тетовски Југохром престана да работи во ноември минатата година.

Поврзани новости