Синдикат на скопски клиники: Каде беше Комисија на ВМРО-ДПМНЕ кога се воведуваше проектот „плата по учинок“

by Fokus 11:23
11:23

Од Самостојниот синдикат на скопските клиники реагираа на јавниот повик на Комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ за сочувување на достоинството на здравствените работи, тврдејќи дека Синдикатот не делува по партиски препораки, вклучително и препораки на нивни здравствени комисии.

– Одлуките и начинот на делување на Самостојниот синдикат на Клинички центри ги носат единствено неговите членови. Истовремено, Самостојниот синдикат на Клинички центри прашува каде беше оваа Комисија во изминатиот период кога претходната власт и тогашниот Министер за здравство ги воведуваа проектите “плата по учинок“ и електронската контрола на работното време на вработените во јавните здравствени установи преку отпечатоците на нивните прсти. Не слушнавме некој од членовите на оваа Комисија како пратеници во Собранието на Република Македонија да гласаат против предложениот Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита од 21.11.2015 година со сите понижувачки услови, задолженија и казни содржани во него за докторите и останатите вработени во јавните здравствени установи.

- Advertisements -

 

 

Поврзани новости