Синдикат на МНР: Партиски кадри ги злоупотребуваат амбасадите за изборите

by fokus 12:51
12:51

Синдикатот на македонската дипломатска служба денеска испрати допис во кој предупредува за партиска злоупотреба на амбасадите во пресрет на изборите и гласањето на дијаспората.

-Упатениот “повик” од еден државен службеник вработен во Министерството за култура во кој главен “аргумент” за пријавување на нашите граѓани од дијаспората за претстојните парламентарни избори, па уште и каде се истакнува дека “Излезноста на овие избори е многу значајна од причина што од тоа зависи дали пратеник од дијаспората ќе имаме Македонец или Албанец”, е во најмала мера скандалозен и содржи јасни елементи на поттикнување верска и расна омраза и дискриминација, предупредуваат од Синдикатот.

- Advertisements -

Според сознанијата на Синдикатот, државниот службеник вработен во Министерството за култура Дарко Стефановски допатувал во Париз на 9 ноември и бил во просториите на Амбасадата заедно со партискиот тим на “помагачи”, на 10 и 11 ноември 2016 година, односно до крајниот рок за пријавување на гласачите од дијаспората.

-За разлика од 2014 г., овој пат вратите на Амбасадата на Република Македонија во Париз му биле “ширум” отворени, а одделни вработени во Амбасадата му овозможиле сесрдна логистичка поддршка, меѓу другото и користење на службените фиксни телефони на Амбасадата, а со цел прибавување што поголем број пријави до крајниот рок. Ваквото овозможување и користење на Амбасадата, претставува драстичен пример за злоупотреба на нашата дипломатија во партиски цели, велат од Синдикатот.

Поврзани новости