Синдикат на клиниките: До инцидентот доведе лошата политика во здравството

by Фокус

Синдикатот на клиниките денеска го осуди вчерашниот инцидент кога син на почината пациентка пукаше во доктор на Клиниката во Скопје и смета дека сето тоа е резултат на долгорочната политика во здравството која доведе до деградирање и омаловажување на лекарите и останатиот медицински персонал.

-Сета таа политика во која опремата и едукацијата на докторите се на прво место , доведоа до уништување на достоинството на лекарите и преставува невидена хајка, велат од Синдикатот на клиниките.

Хирургот Љубомир Огненовиќ во кој беше пукано е во стабилна состојба и откако му беше извршена операција сега е хоспитализиран. Синот на починатата пациентка со три куршуми го погодил во нога хирургот Огненовиќ.

Поврзани новости