Синдикалците бараат минималната плата да биде 16.000 денари

by Фокус

Минималната плата да изнесува 16 илјади денари, а со секое покачување на минималецот да растат и платите на сите вработени, како и на оние во јавниот сектор за да има достоинствен живот и социјален мир, бара Конфедерацијата на слободни синдикати.

„Имајќи ги параметрите на просечна плата која изнесува нешто над 25.000 денари, потрошувачката кошница која изнесува 32.653 денари, како и Европската директива за минимална плата, која треба да биде минимум 60 отсто од просечната плата во државата, имајќи ги предвид причините за кои е воведена минималната плата, а тоа е пристоен и достоинствен живот на сите работници, и имајќи во предвид дека едно четиричлено семејство со две минимални плати треба да ја достигне потрошувачката кошница и ветувањето на Владата од 2015 и 2016 година, КСС бара да се почитуваат работниците како во секоја демократска земја и минималната плата да изнесува 16.000 денари“, стои во соопштението на КСС.

Од Владата велат дека преговорите за минималната плата се уште траат и ќе бидат во интерес на сите засегнати страни.

Поврзани новости