Син си ги претепал таткото и мајката

by Fokus

Шеесет и едногодишен гостиварчанец пријавил дека неговиот син ги претепал, информираа од МВР.

Според полицијата, синоќа два саати после полноќ,  Џ.М.(61) од Гостивар пријавил семејно насилство што го извршил неговиот син Х.М.(30). Х.М. најпрво започнал вербално да се расправа со неговиот татко, а потоа физички ги нападнал своите родители, повеќе пати удирајќи ги со тупаници по главите и телата. Набрзо по пријавувањето, Х.М. бил приведен и задржан во Полициската станица Гостивар.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости