Син на екс судијка призна вина за насилството врз Заев, осуден на година и три месеци затвор

by fokus

Еден од обвинетите за насилството и упадот во Собранието од 27-април, Васко Цунгаревски, призна вина. Судијката Оља Ристова го осуди на затворска казна во трење од една година и три месеци. Цунгаревски, кој е син на пензионираната судијка Зорица Цунгаревска, е осуден за насилство врз премиерот, Зоран Заев, пратеник за време на упадот во Собранието.

За истото дело насилство, но за тепање на пратеникот на ДУИ Артан Груби, во истиот предмет осуден е Димитар Поповски, кој доби условна двегодишна казна, според која не смее да го повтори делото во наредните пет години, објави „СДК.мк“.

Судијката Оља Ристова која ги изрече пресудите, го упати Поповски на задолжително психијатриско лекување, бидејќи со вештачење било утврдено дека обвинетиот е со битно намалена пресметливост. За Цунгаревски остануваат мерките за претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, одземање на пасошот и забрана за издавање на нов.

Поврзани новости