Симсонови го предвиделе коронавирусот уште во 1993 година

by fokus

Фановите на Симсонови веруваат дека долгогодишната анимирана серија го предупредила светот за коронавирусот уште пред повеќе од 2 децении.

Како доказ ја наведуваат епизодата од 1993 година во која се ради за вирус наречен Осака Флу кој се шири низ Спрингфилд, откако жителите нарачале блендери од Јапонија.

Во епизодата еден од работниците кој ги пакувал блендерите во кутии во Јапонија, се разболел и случајно го пратил вирусот во САД. „Ве молам, немојте да му кажете на мојот надзорник дека имам грип“, кажал тој пред да се искашла во кутијата. Потоа откако блендерите стигнале во Спрингфилд, повеќето жители се разболеле.

Иако вирусот дошол од Јапонија наместо од кинескиот град Вухан, фановите на Симсонови го „запалија“ Твитер со реакции. „Симсонови повторно успеаа“, е само еден од коментарите за серијата која често има точни пророштва.

 

Поврзани новости