Симовски: Упадот во апликацијата за попис се врши со туѓ матичен број

by Фокус

Тврдењето дека многу граѓани се попишале преку користење на VPN апликација е невозможно, бидејќи тоа се регистрира и тие податоци не одат во базата каде се складираат податоците од попишаните лица од странство, туку се идентификува и се чува како доказ за упаѓање во системот, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за телевизија „Сител“.

-Со самото влегување на веб-страницата за самопопишување лицата се предупредени за ваквата работа и се сложуваат со условите, поради што и сносат одговорност. Тука има и злоупотреба на лични податоци, затоа што тој што се обидува да упадне користи туѓ матичен број, бидејќи ако упадне со својот матичен број може многу лесно да се лоцира и да сноси одговорност – рече Симовски.

Во однос на можноста пописот на сите граѓани да биде преку интернет апликацијата, Симовски вели дека во тој случај пописната операција би била многу едноставна и не би чинела ниту денар, меѓутоа, како што истакнува, се уште немаме адресен регистар.

Поврзани новости