Симовски: Пописот мора да се пролонгира, не може да се спроведе во време на избори

by Фокус

Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, изјави дека пописот не може да се спроведе во април, како што првично беше планирано, поради тоа што во тоа време се договорени предвремени парламентарни избори.

-Ние како институција сметаме дека април не е погоден термин за попис поради изборите. Спроведувањето на пописот пред изборите е технички невозможно, бидејќи тоа е гломазна и голема операција со огромен број на учесници. Затоа, треба да се пролонгира – рече Симовски.

Според него, терминот на пописот треба да го утврдат пратениците преку донесување на закон, по консултации со ДЗС.

-Ние би сакале пописот час поскоро да се спроведе во услови кои одговараат за спроведување на пописот, но не прејудицираме бидејќи тоа е одлука на друг. Ние инсистираме законот да биде донесен скоро. Ние може да предложиме термин и најпогодно време, според нас, е пролет или есен – истакна Симовски.

Тој објаснува дека пописот е битен за носење на конкретни и коректни одлуки за развојни планирања во сите дејности.

Поврзани новости