Симовски: Пиштоли во Собрание носевме јас, Јане Ченто и Игор Југ, тој во еден момент го репетираше

by fokus 21:14
21:14

Во 18.30 часот вечерва, обвинетиот за организираниот напад на Собранието на 27 април лани Захарие Симовски застана во Основниот суд Скопје 1 да ја дава својата одбрана на денешното рочиште, објави порталот СДК.

„Дента на 27 април лани отидов во 14.30 часот во рестоанот ‘Дион’. Дејан Давидовски-Дешо кој е во бегство, ми кажа да го земам ‘и тоа, таквото’, што беше шифриран збор за оружјето. Отидов носејќи го ‘таквото’. По 18.40 со маските на главата се упативме кон Собранието.  Правевме притисок на вратата, но не се отвораше. Одеднаш, вратите одвнатре се отворија. Го видов Владо Јовановски, ја смируваше толпата. Се упативме нагоре кон салата Длаборез. Полицијата не реагираше, нè пушти горе. Внатре во прес салата, кога членот на обезбедувањето на Спасовски истрела еден куршум, Игор Југ го репетираше пиштолот”, сведочеше обвинетиот Симовски.

- Advertisements -

На прашање на обвинителката Вилма Русковска кој носел оружје при нападот на Собранието, Симовски рече: „Јас, Игор Југ и Јане Ченто“.

„По 27 април, Владимир Атанасовски побара да се фрлат бомби во домовите на Петре Шилегов и на Радмила Шеќеринска, но и да му го запалиме автомобилот на Љубомир Фрчкоски. Јас им кажав дека кај Рада и кај Шилегов нема никој дома. Планот не се реализираше“, сведочеше Симовски.

Поврзани новости