Силвана Бонева за патни трошоци зела 12 000 евра

by fokus

Силвана Бонева од Државната изборна комисија за шест месеци зела 12.000 евра за патни трошоци, објави телевизија „Алсат“.

– Сè е исплатено согласно законот – вели Бонева.

Претходно, пратеничката беше на удар во јавноста, откако медиумите објавија дека за патни трошоци зела 23 илјади евра.

Инаку, ДИК од декември до јуни на нејзините членови за патни трошоци им исплатила вкупно 25.000 евра.

По Бонева, најмногу пари земал Атанас Урумов кој е од Гевгелија и добил 6.800 евра. Бедредин Ибраими, кој доаѓа од Тетово, зел 3.000 евра, Субхи Јакупи од Гостивар – 2.000 евра. Реџеп Прекопуца добил 500 евра, Игор Милев – 370 евра, а Александар Чичаковски потрошил 150 евра. Виолета Дума и Сашо Срцев не зеле пари за патни трошоци.

Поврзани новости