Силвана Бонева: Ми измислија секс скандал и криминали кои не сум ги направила!

by Fokus

Поранешната пратеничка на ВМРО ДПМНЕ, Силвана Бонева денес имала воведен говор пред судот во врска со обвинението на СЈО против неа. Таа со јавноста сподели дел од говорот, во кој тврди дека обвинението против неа е невистиното.

-Бев јавно линчувана со години, со конструираните големи лаги дека сум била рекордер во земањето на патни трошоци, потоа дека со криминални пари сум купила станови, со лагите дека сум стекнала фирми како СИЛБО, ЖИКОЛ, катна гаража во Прилеп, казино во Гевгелија, плантажи во Валандово и Дојран и многу други лаги, дури измислија и дека сум имала секс скандал, за сега да ми стават на грб и криминално дејание што не сум го направила – е дел од говорот на Бонева во кој покрај другото тврди дека нејзини политички неистомисленици намерно поттикнувале омраза и злоба против неа со лаги во јавноста, за да ја заслепат и сама да побара да ја осудат.

-Само заради тоа што секојпат се борев против криминалните структури во политиката, без оглед дали се леви или десни и заради тоа што секогаш ја кажував вистината и никогаш не замолчав пред било кој авторитет, моите политички неистомисленици поттикнаа омраза кон мене – наведува струмичанката.

Во септември 2020 година против неа беше поднесен обвинителен акт, во врска со фискалните сметки кои ги приложувала за надомест на патни трошоци. Се работи за периодот од 1-ви јануари 2011 до 16-ти декември 2015 година, кога Бонева беше пратеник во Собранието. Според Обвинителството, таа со намера за себе да прибави противправна имотна корист, сторила повеќе временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, притоа искористувајќи ист траен однос.

-Таа до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања за присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6 458 551 денари – пишуваше во соопштението на Обвинителството.

Вики Клинчарова

Поврзани новости