Силни експлозии во Миколаев, нови напади и на регионот Суми

by Fokus 11:20
11:20

Силни експлозии се почувствувани во украинскиот град Миколаев. Градоначалникот Олександр Сенкевич на социјалните мрежи изјави:

-Во градот има силни експлозии! Останете во засолништата!, Сенкевич напиша на Телеграм.

Не е познато што ги предизвикало експлозиите, пренесува Ројтерс. Противавионските сирени заѕвониле низ целиот регион. Миколаев има речиси половина милион жители.

Украина известува и дека регионот Суми е нападнат.

Русите истрелале повеќе од 270 мини, ракети и куршуми од различен калибар во регионот Суми во североисточна Украина. Ова го известува гувернерот на Суми, Дмитро Живицки, во објава на Телеграм. Оштетена е и инфраструктурата: домови на цивили, фарми, далноводи и водна кула. На видеото се гледа уништена куќа во Билопилшчина.

 

Поврзани новости