Силна експлозија во зграда во Куманово

by Фокус

Попладнево околу 18 часот се случила силна детонација во една зграда во Куманово лоцирана на булеварот „Октомвриска револуција“. Од екипите на Брза помош и на ТППЕ Куманово соопштија дека во експлозијата нема жртви.

-Има повеќе оштетени станови, влезната врата на зградата, влезните врати на становите, а во два-три стана мебелот е оштетен. Не се знае причината од што е предизвикана детонација, односно експлозија, СВР Куманово и инспекторите  вршат увид. Тие се на лице место, изјави командирот на смена од ТППЕ Куманово, Марјан Гелевски.

Од СВР Куманово потврдија дека случајот е пријавен во 18:05 часот и оти во моментов увид вршат екипи на СВР Куманово и на Основното јавно обвинителство.

Поврзани новости