Силк Роад тврди дека за акциите на Алфа банка платиле пазарна цена

by Фокус

Продажбата на Алфа банка крена многу врева во македонската јавност откако се обелодени дека Швајцарски фонд за 1,2 милиони евра ги откупи 100 отсто од акциите на досегашната грчка банка. Денеска на прес конференција сопственикот на овој фонд се огласи. Не сакаше да зборува многу за развојните планови на банката, ниту беше многу разговорлив кога зборуваше за цената по која се купени акциите.

„Проверете за колку пари беше купена Алфа Банка во Бугарија, за едно евро“ рече Кан, дополнувајќи дека смета дека е постигната пазарна цена.

Ребрендирањето на банката ќе се спроведе најдоцна во следните  4 месеци.

Тој зборуваше и дека се гласини информациите за нетранспарентна постапка, и дека преговорите траеле долго време, а докрај не се знаело дали ќе има договор.

„Ретко кој денеска купува банки. Ние имаме инвестиции во Русија, Украина, Бугарија, Романија… Тука сакаме да воведеме нови технолошки можности, долгорочни кредитни линии, имаме многу оперативни предизвици, ќе воведеме новини во информатичкиот сектор… Ќе се обидеме, по шестгодишно работење со загуба, оваа банка да ја кренеме за краток период“, рече Кан.

Новиот сопственик најави структурни промени по швајцарски модел, неговиот фонд во Цирих имал девет вработени. Се пошегува дека и во Македонија ќе работи со ист капацитет.

Новото име на банката ќе биде Силк роад банка.

Поврзани новости